Жерновски: Aко ги прашате дали имаат доволно гласови за формирање влада сите се повлекуваат

од Берта Китинска

Сакам да изразам оптимизам дека владата ќе ја формираат проевропски и демократски сили, односно влада на СДСМ, вели за Утрински брифинг Андреј Жерновски.

Тој се сомнева дека е можно опозицијата да собере доволно гласови за формирање влада.

-Ние видовме 61 потпис, не знам како се собрани, но се собрани за да се урне владата. Но, ако ги прашате дали имаат доволно гласови за формирање влада сите се повлекуваат. Таму се собрани групи кои имаат различни видувања за клучни работи и не можат да формираат влада. Но затоа, многу е веројатно дека новото мнозинство на СДСМ ќе претрпи промени, вели Жерновски.

Жерновски вели дека е погрешно што се споија локалните избори со централната власт, по што опозицијата почна да инсистира на оставка на премиерот Зоран Заев.

-Ова е еден суициден потег на опозицијата по победата на локалните избори. Тие не размислуваат за иднината на државата, размислуваат како да дојдат на власт. Но, граѓаните многу внимателно набљудуваат врз основа на што се прави мнозинство а без агенда и сигурен сум дека ќе бидат казнети на избори, коментира Жерновски.

Слични содржини