Жерновски-Брнс: САД остануваат наш посветен сојузник на патот до полноправно членство во НАТО и ЕУ

од Aleksandar Petrovski
159 прегледи
 Заменикот министер за надворешни работи, Андреј Жерновски, денеска се сретна со амбасадорката на САД, Кејт Брнс при што разговараа за соработката меѓу двете земји, за напредокот на Република Северна Македонија во процесот за членство во НАТО и ЕУ, како и за прашањата кои се однесуваат на стабилизација и просперитет на регионот. Станало збор и за глобални актуелни теми од значење на светскиот мир и благосостојбата.
Како што соопшти МНР, на средбата е потврдено дека Северна Македонија и САД успешно го одржуваат и зајакнуваат воспоставеното стратешко партнерство во интерес на граѓаните на двете земји, како и во остварувањето на заедничките цели за демократски просперитет на регионот и во заедничките акции во борбата против тероризмот.
Жерновски, во разговорот со амбасадорката Брнз, се посочува, изрази благодарност за ратификацијата на Протоколот за пристапување на Северна Македонија во НАТО во американскиот Сенат, што е од особена важност во заокружувањето на овој процес за полноправно членство на нашата земја во НАТО.
Амбасадорката Кејт Брнз на средбата го реафирмираше јасниот став на САД дека тие остануваат посветен сојузник на Северна Македонија на патот до полноправно членство во НАТО и ЕУ, како и на континуираните напори и политики на земјата да обезбеди одржливи услови за просперитетна иднина за граѓаните на Северна Македонија, стои во соопштението.

Слични содржини