Претседателот на партијата на Груевски, Мицкоски, не’ убедува дека причината поради која ВМРО-ДПМНЕ не учествува на вонредните локални избори во Штип не е бегањето од нов којзнае-кој-по-ред пораз кој ќе му ја дозапечати и онака завршената политичка кариера, туку исклучиво неговата “загриженост за коронавирусот”.
Арно ама, токму неговиот претставник во ДИК, кој е и претседател на Комисијата, јасно потврди “дека изборите не претствуваат кластер за ширење на коронавирусот и оти тоа го покажале и парламентарните избори што беа организирани во текот на летото.”
По оваа изјава, се поставува прашањето како мисли Мицкоски да ги убедува граѓаните да веруваат во него и неговите т.н. политики, кога ни во самата партија нема поддршка.
Би било смешно, да не е жално.
ФБ статус на Андреј Жерновски