Жерновски кон Јанушев: ВМРО-ДПМНЕ за се е против, вашето негирање и безнадежност не функционира

од Берта Китинска

Со Бугарија разговараме за да најдеме решение, ние бевме скарани и надвор и внатре со Албанците седнавме и го решивме проблемот со Охридскиот договор, со јужниот сосед со Преспанскиот. Сега бараме решение со Бугарија, вели Андреј Жерновски во 24 Анализа.

Во однос на нападите на Пратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев дека Бугарија негира се што е македонско, и дека тука глумиме лудило, Жерновски вели дека за се има решение,а сега во моментов се бара за Бугарија.

-Вие за се сте против вашето сеење страв, негирање  и безнадежност е не функционира и затоа митинзите ви се такви какви што ви се. Имате страв во Штип да излезете на избори, од се се плашите, вели  Жерновски.

Слични содржини