Жерновски: Мицкоски лаже за состојбата на медиумите

од Vladimir Zorba
362 прегледи

„Претседателот на партијата на Груевски, Мицкоски, денеска изјави дека „Македонија живее во медиумски мрак и дека состојбата никогаш не била полоша”. За да му покажам и докажам дека кажува невистини, јавно му ја праќам табелата на Reporters without borders, каде е набележано рангирањето на нашата земја“, пишува екс заменик-министерот за надвоешни работи, Андреј Жерновски.

Од прикажаното, јасно се гледа дека во времето на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, од 180 анализирани земји, сме биле на мизерното 123 место, за да денес сме на 92 место.

Затоа, поради ваквите лаги и клевети, во неодамнешната Студијата изработена од страна на Генералниот директорат за надворешна политика на Европската Унија, а по нарачка на Европскиот парламент (објавена на интернет-страница под наслов „Мапирање на лажните вести и дезинформации на Западниот Балкан и идентификување начини за борба со нив“), токму Христијан Мицкоски е наведен како главен извор на дезинформации“, вели Жерновски.

Слични содржини