Жерновски: Ни беше исклучена струјата на сред митингот во Иловица

Андреј Жерновски, член на Извршниот одбор на СДСМ, синоќа објави дека била исклучена струјата на граѓанската трибина „Се бориме за нашиот дом“ во Општина Босилово

од Nikola Popovski
25 прегледи Фото: Фејсбук

Андреј Жерновски, член на Извршниот одбор на СДСМ,  синоќа објави дека била исклучена струјата на граѓанската трибина „Се бориме за нашиот дом“ во Општина Босилово.

„Ова е денес нашата Македонија.  На средина од митингот во Иловица, Босилово, ни беше исклучена електричната енергија. Срамно, тажно и жалосно!

Но продолживме. Ги вклучивме мобилните за да ја осветлиме бината, а гласот на кандидатката за градоначалник Мариче Кармазичева стана уште посилен и поенергичен. Не ѝ требаше веќе озвучување, бидејќи желбата и вербата се посилни од се’!

ВО ОВАА ТЕМНИЦА ВО ИЛОВИЦА ВЕЧЕРВА, НАЈЈАСНО СЕ ВИДЕ РАЗЛИКАТА МЕЃУ НАС И НИВ“, стои во објавата на Жерновски.

Слични содржини