Не е точно тоа што го кажува Мицкоски. Нашата држава беше меѓу првите која ги предупреди нашите граѓани таму да ги предупредиме и дел да повлечеме уште пред да започне конфликтот. Погрешно е претседател на најголема опозициска партија да ја потценува својата држва, вели за Утрински брифинг Андреј Жерновски, поранешен заменик министер за надворешни работи во врска со изјавта на лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски кој спомена дека државата не е способна да извлече 50 луѓе од Украина, а камоли да испраќа војска.
Тој додава дека ние сме рамноправна членка на НАТО и нашиот глас таму вреди исто колку и грасовите на останатите 29 членки. Тоа што сме членка на НАТО во голема мера нѐ релаксира како држава, додава Жерновски.
-Ние ја осудивме агресијата, побаравме да прекинат воените дејствија уште првиот ден како и другите членки на НАТО, вели Жерновски.