263
За жал се повтори ветото, иако држава ги исполнивме сите услови, рече поранешниот градоначалник и поранешен заменик-министер за надворешни работи, Андреј Жерновски во изјава за емисијата „Само вистина“.
Жерновски потенцира дека е разочаран, но реален.
-Не очекував некој спектакуларен резултат од причина што таму допрва се формираше Владата. Прекраток беше периодот. Изгубивме многу време со тоа што имаше три избори по ред во Бугарија. Петков рече дека ќе ги отстрани сите пречки за надминување на спорот и треба да веруваме во брза интеграција. Ќе биде битно да прекине говорот на омраза во двете земји и да го вратиме дијалогот, категоричен е Жерновски.