„Денеска, македонското Собрание стана дом на новиот, десетти парламентарен состав од осамостојувањето на земјата. СДСМ и коалицијата „Можеме“ го има најголемиот коалициски потенцијал за формирање и состав на иднатата извршна власт.. Ќе биде формирана стабилна Влада, со стабилно парламентарно мнозинство, што значи значи дека државата ќе го продолжи својот демократски и европски интегративен концепт“, вели заменик-министерот за надворешни работи, Андреј Жерновски.
„За земја членка на НАТО и земја што ги почнува преговорите со ЕУ, во идната Влада ќе нема место за структури што заговараат изолација, враќање кон заробената режимска држава и на политиките на Мицкоски. Идниот четиригодишен мандат на Владата, предводена од СДСМ и Заев, ќе биде посветен на правдата и владеењето на правото, на евроинтеграциите, како и на силната и стабилна економија“, додава тој.