540
Андреј Жерновски од СДСМ во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 откри како ќе се зголемува актуелното мнозинство.
„Можам да потврдам дека ова мнозинство е стабилно и дека ќе порасне со минимум четворица пратеника“, истакна Жерновски.
Тој додава и дека СДСМ треба многу да се коригира за да го поправи резултатот.
-Не можам да разберам како еден ден кажувате дека имате мнозинство, а втор ден барате вонредни избори. Ако имате мнозинство уште утре ставете го тоа на гласање и изберете нов премиер, рече Жерновски.