Жерновски – Власта не се бори за нов мандат, туку за главата

од Vladimir Zorba
117 прегледи

Имаме работа со луѓе, коишто се спремни буквално сè да направат за да останат на власт. Тие не мислат да дадат оставка, затоа што не се борат за уште еден мандат, тие се борат за својата глава, вели градоначалникот на Општина Центар, Андреј Жерновски во неделното интервју на Радио Слободна Европа.

andrej-pobeda-08

Во врска со  стравувањата со  нов Пустец за референдумот за ГТЦ Жерновски вели:

Не, не може да се случи нов Пустец или не би требало да се случи нов Пустец, бидејќи ценам дека паметот им дошол, особено по објавување на снимките. Но, и да се случи Пустец и два Пустеца да се случат, граѓаните ќе излезат. Од оние анкети што ги направивме, се очекува поголема излезност дури и од локалните и од парламентарните избори, така што не се сомневам во успешноста на референдумот. Слушнавме и  за тој контра референдум на први април и се надевам дека е во тој контекст. Како и да е, одлуката на текстот е задолжителна, тоа го има и во текстот кој беше изгласан и со тоа завршува прикаската околу ГТЦ.

Овој референдум е историски, не само за Центар, и за Скопје и пошироко, бидејќи ние ниту во Центар, ниту во Скопје немаме од 1991 ниту еден референдум. Кажав примери, во Германија имаме 200 референдуми на локално ниво, така што се надевам и сигурен сум дека од 26 април, од овој наш референдум ќе започне оваа пракса на нешто што е директно најавтентично учество на граѓаните во овие процеси и оттаму навистина ми е драго што ќе се случи референдум. Зошто не за Скопје 2014, зошто не за Водно, зошто не за многу други прашања? Ние сме тука како сервис за го спроведеме тоа што граѓаните го сакаат?

Целото интервју тука