Не го признаваат Пендаровски за претседател на државата, но му пишуваат писмо со кое бараат од него да не го потпише указот за Законот за попис. Трагикомично, без сомнение“, реагира поранешниот заменик-министер за надворешни работи, Андреј Жерновски на отвореното писмо на Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ до претседателот на државата, со кое побара да не го потпишува Законот за попис.
„Па сепак… доаѓа Нова Година. Сега е убаво, во оваа тешка атмосфера со коронавирусот, некој, барем за миг, да не’ насмее. А и вистина е дека никој не е целосно бескорисен. Секој може да послужи барем како… лош пример“, истакна тој.