1,3K
Одеднаш исчезна Република Македонија и патриотскиот став. Патриотизмот на опозицијата траеше до 19 часот на денот на изборите, вели поранешниот градоначалник и член на СДСМ, Андреј Жерновски во емисијата „Клик плус“.
Според него, реториката веднаш се сменила.
-Сега Северна Македонија е реалност. Дали градоначалниците во општините ќе го вратат името и дали Мицкоски ќе го смени името, ако собере парламентарно мнозинство, прашува Жерновски.
Тој смета дека поддржувачите на ВМРО-ДПМНЕ се излажани поради ваквиот нивен став.
-Од вакви патриоти тешко нас, изјави Жерновски.