Жерновски за загадениот воздух: Секоја чест како Мицкоски пред пет години погоди што ќе се случува денес и кој ќе биде виновен

„Ова е тоа скандинавско визионерство кое те краси“, порача Жерновски откако Мицкоски пред пет години објавил: „Загадениот воздух убива кога власта е неспособна“

од Nikola Popovski
46 прегледи Фото: Јутјуб/Принтскрин

„Ова е тоа скандинавско визионерство кое те краси“ – вака објави членот на Извршниот одбор на СДСМ, Андреј Жерновски за зборовите на премиерот Христијан Мицкоски кој пред пет години, додека беше предводник на опозицијата објавил дека „загадениот воздух убива кога власта е неспособна“. Жерновски притоа сподели фотографија од веста која била објавена во еден од медиумите.

Членот на СДСМ со потсмев гледа на ставовите на премиерот.

„Како точно погоди пред 5 години што ќе се случува денеска и кој ќе биде виновен за тоа. Секоја чест! Остави ги овие што критикуваат и протестираат, ние си знаеме добро дека ти ќе ја оправдаш дадената доверба, кај и да е, само се’ некако ти треба уште време.

Штета што цело време упорно те попречуваат опозицијата, странските служби и домашните крави, инаку каде ќе ти беше крајот. Или… можеби полека почна да ти се гледа“, стои во објавата на Жерновски.

Загадувањето во главниот град е децениски проблем, особено во зимскиот период и во времетраењето на грејната сезона. Министерството за животна средина ги активираше протоколите за заштита на здравјето на граѓаните, со посебен фокус на ранливите категории.

Пулмолозите со апел до сите граѓани, ако немаат итна потреба, да не излегуваат надвор.

Слични содржини