Жерновски: Збогум Мицкоски

од Nikola Popovski
440 прегледи

„Политиката, сериозната, не толерира аматерски потези. Лажните и помпезни најави за формирање ново парламентарно мнозинство, кое првенствено служеше за внатрепартиски и предконгресни цели, заврши како што се очекуваше – крајно неславно“, напиша Андреј Жерновски, кој е дел од СДСМ, по гласањето на доверба на Владата, кое го побара токму премиерот Зоран Заев.

Според Жерновски, по ваков дебакл на отворена сцена, на опозицијата и’ преостанува само една работа- под итно да пронајде нов лидер.

„Тоа не само што е основен предуслов за да добиеме посилна и посериозна опозициска партија која ќе води вистинска државна политика, туку ќе значи и поголема контрола врз работата на парламентарното мнозинство, односно врз работата на извршната власт“, смета Жерновски.

Попладневно беше изгласана доверба на Владата со 62 гласа „За“. Опозицијата не присуствуваше на седницата.

Слични содржини