Жешката Ријана во проѕирен градник ги покажа своите атрибути (ФОТО)

од Aleksandar Petrovski

Американската пејачка Ријана (32) се појави во градник во боја на кожа што ги истакнуваше нејзините гради, а кога наиде на негативен коментар од една хејтерка, и одговори во свој стил и засекогаш и ја „затвори устата“.

Имено, убавата пејачка на својот Инстаграм објави фотографија на која на лицето нанесе заштитен фактор, стави капа преку очите и го откри бујното деколте, како и брадавици кои се оцртуваа во речиси проѕирен градник.

„Само сакам да го заштитам својот меланин додека се обидуваат да го искоренат“, напиша Ријана, рекламирајќи го својот бренд „Fenty Skin“ Оваа фотографија ја лајкуваа над 4,2 милиони следбеници, а покрај позитивните коментари, се јави и една критичарка.

– Сега е зима – напишала една девојка во коментарите на Инстаграм, мислејќи дека на Ријана повеќе не и треба заштитен фактор кога ќе излезе од куќа, бидејќи сончевото зрачење не е повеќе силно.

– За мене тоа е незнаење. Ќе имаш брчки ако мислиш дека SPF постои само сезонски. Но, само продолжи така “, одговори Ријана.

Да потсетиме, Ријана во петокот објави тизер со најава за нејзината долгоочекувана ревија „Savage X Fenty“.

Деми Мур, Бела Хадид, Лизо и секако самата Ријана ќе бидат присутни на настанот што ќе дебитира на 2 октомври на „Амазон премиер“. Покрај претставувањето на нејзината најнова колекција долна облека, во шоуто ќе бидат изведени музички и танцови настапи, што ќе ја воодушеви публиката.

Ирина Шајк, Парис Хилтон и Нормани се само некои од убавиците кои треба да се појават на сцената во долна облека. Во 2019 година, списанието Форбс откри дека Ријана, чие вистинско име е Робин Ријана Фенти, е најбогата жена музичар и дека ги надминала своите славни колеги Бијонсе, Мадона и Селин Дион со богатство од 600 милиони долари.

Слични содржини