
И: се отвораат згради во патики со црвени врвци, кружен тек онде, најава за болница онде; празно ветување за инвестиција таму, а за болница ваму; посета на настраданите подрачја на запад, ветување за клинички центар на исток, “линеарно” покачување на пензиите за сите, “можни” 2000 вработувања, уапсени верски милитанти за сигурна држава, наместени слики, спремни изјави, позиционирање во секое село со фонтанче или изворче сеедно, важно е да ги има и на терен и на тв… Август е, нема настани многу, па се што се случува станува вест во медиумите, ама сеѐ…треба да се пополнат секундире, страниците. Врвците може и да се пинк важно сите ги видовме во акција. Туку, да прашам нешто, опозицијава #шупраи?! Ај ги нема на ТВ, ги нема во провладините медиуми, ама ги нема нигде?! #Ветувам еве јас ќе им купам црвени врвци, само да ги видам и нивните патики. #СлаткоЛето