Жештината ве прави нервозни? Овие вежби за дишење помагаат!

од Stefanija Kuzmanovska
389 прегледи

Медитирање и правилно дишење може да ни помогне во различни ситуации кои предизвикуваат стрес, нервоза и непријатност, и практикувањето на овие техники доби голема популарност во текот на 2020 година, поточно кога започна пандемијата. Луѓето пронајдоа различни начини за смирување, а истите начини можат да помогнат и сега – за време на топлотен бран што прави многумина нервозни.

Научниците од Националниот универзитет во Сингапур ги објавија резултатите од една нивна студија во списанието „PLOS ONE“ и открија дека е можно телесната температура да ја контролира мозокот.

„Зголемување на телесната температура може да се постигне со одредени техники на медитација“, напишаа тие, додавајќи дека иако нема многу здравствени докази за ладење на телото на овој начин, многу практикувачи на јога, од сопственото искуство, сфатиле дека нивното тело се лади за време на вежби за дишење. Она што е сигурно е дека 10 минути концентрирање на дишењето може да го опушти умот и нервниот систем и да го забави отчукувањето на срцето, па експертите препорачуваат да го користите овој метод на смирување доколку овие топли денови создадат нервоза и вознемиреност.

Седнете удобно, по можност на подот. Затворете ја десната ноздра со десниот палец и вдишете преку левата броејќи до четири. Отворете ја десната ноздра, потоа затворете ја левата но со домалиот прст. Повторете ги вдишувањата, овој пат на десната страна. Повторете го ова пет до десет пати. Во јогата, левиот канал е јин – студена енергија – а десниот канал е јанг – топла енергија.

Според нивното верување, ваквото дишење ја зголемува ладната енергија и ја намалува топлината, пренесе „Јаху“. Друг начин да се разладите и смирите со дишење е да легнете или да седнете, потоа вдишете на носот броејќи до четири, потоа издишете броејќи до осум.

Слични содржини