Жесток удар за Баерн – Сане претрпе операција на препоните

од Vladimir Zorba
37 прегледи

Крилниот напаѓач на Баерн Минхен, Лерој Сане, беше опериран на препоните веднаш по елиминацијата на Германија од ЕП 2024, објави весникот „Билд“.

Сане веќе некое време чувствува адукторска болка и мораше да оди на операција со надеж дека ќе закрепне до крајот на јули.

И покрај хроничната повреда, Сане беше повикан од селекторот Јулијан Нагелсман во селекцијата на Германија на Евро 2024. Сепак, домаќините беа елиминирани откако загубија со 2-1 од Шпанија по продолженијата во четвртфиналето. Сане го започна натпреварот против Шпанија, но беше заменет на полувремето поради болки.

Сега ќе се надева дека ќе се опорави и ќе ја започне сезоната со Баерн под водство на новиот тренер Винсент Компани, кого го познава од времето во Манчестер Сити во Премиер лигата.

Слични содржини