Во емисијата „Само Вистина “ се одвиваше жестока дебата помеѓу Александар Пандов од ВМРО-ДПМНЕ и член на Извршниот комитет на партијата и новинарот Зоран Иванов во врска со тоа кој има бугарски пасош и кој чии ставови брани.
-Зоран Иванов нема бугарски пасош и не потпишал дека е Бугарин за разлика од твојата партија каде грст високи функционери се со бугарски пасоши, кажа новинарот.
По оваа изјава, Пандов побара од него со име и презиме да ги наведе кои лица од партијата имаат бугарски пасоши, на што Иванов одговри: „Еве тебе те пишуваше“.
Пандов возврати: Кој? Каракачанов, кој подоцна се извини.
Иванов рече: Aбе паѓаше од извинување, ако имаш бугарски пасош тоа е твој проблем.
Пандов кажа: Се колнам дека немам бугарски пасош.
Иванов уште еднаш повтори дека ничии ставови не брани велејќи дека на изнесените напади на Пандов за тоа дека ги брани владејачките ставови може жестоко да му возврати:„Немој после Цацко да ви е крив“.