ЖЕСТОКИ ПРОТЕСТИ ПРОТИВ РАСИЗМОТ ВО ПАРИЗ: Полицијата употреби солзавец против демонстрантите (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba
209 прегледи

Полицијата денеска фрли солзавец на демонстрантите во центарот на Париз, каде илјадници се собраа протестирајќи против расизмото и полициската бруталност.

Протестот во Париз го водеа приврзаниците на Адам Траоре, 24-годишен црнокож, кој почина во притвор во 2016 година под околности што се уште не се познати, а чиј случај беше повторно отворен со убиството на Афроамериканецот Џорџ Флојд во Соединетите држави.

Смртта на Траоре се смета за еден од најважните случаи на наводна полициска бруталност во Франција.