„Жестоките борби продолжуваат“: Украинска армија објави каде се водат најтешките битки

од Stefanija Kuzmanovska
405 прегледи

Украинската војска денеска извести за жестоки борби на истокот на земјата додека руските сили се обидуваат да преземат целосна контрола врз делумно окупираните региони Луганск и Доњецк.

„Противникот продолжува да ги фокусира своите главни напори на обидите за целосно окупирање на регионите Луганск и Доњецк“, соопшти денеска Генералштабот на вооружените сили на Украина.

„Жестоките борби продолжуваат“, се вели во соопштението.

Фокусот на руските сили во регионите Луганск и Доњецк доаѓа додека украинската војска води голема контраофанзива чија цел е да ја врати украинската територија окупирана од Москва.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски вчера призна дека започнала долгоочекуваната контраофанзива.

„Во Украина се случуваат контраофанзивни и одбранбени дејствија, но нема да кажам детално во која фаза се“, рече Зеленски.

Тој додаде дека најтешките битки се водат на источниот и јужниот фронт.

Слични содржини