Жестоките руски напади во Украина продолжуваат, најмалку две жртви ноќеска

од desk2
20 прегледи

Во ноќешните напади на руските сили врз цели во Украина, цел биле повеќе локации речиси на целата територија на земјата, а најмалку двајца луѓе се загинати, соопштија утрово украинские власти.

Националните служби за заштита и спасување потврдија дека две лица загинали во напад со дронови во близината на Купјанск, источно од Харкив. Овие подрачја веќе со месеци се цел на интензивни руски напади.

И во Харкив се регистрирани најмалку 17 експлозии во 20-минутен напад сод ронови, во кој се ранети најмалку три лица, соопшти регионалниот гувернер Олех Синехубов.

Во југоистиочниот град Кривиј Рих, руските сили извеле комбиниран напад со ракети и дронови, па неколку лица се повредени. Градот останал без струја и вода.

Во главниот град на Украина, Киев, во текот на ноќта биле активирани единиците за противвоздушна одбрана, соопшти градоначалникот Виталиј Клично, појаснувајќи дека нема информации за жртви или поголема материјална штета.

Овие напади се дел од интензивирањето на меѓусебните напади меѓу Русија и Украина во последните неколку месеци.