269
Челзи размислува за понуда за напаѓачот на Манчестер Сити, Габриел Жесус, пишуваат британските медиуми.
Се шпекулира дека 25-годишниот Бразилец ќе биде замена за Белгиецот Ромелу Лукаку, кој најверојатно ќе се врати во Интер на позајмица. За Жесус е заинтересиран и друг лондонски клуб, Арсенал.
Челси сака да добие 25 милиони евра за трансферот на Лукаку, а самиот играч е подготвен да си ја намали платата за 40 отсто.
Лукаку минатата сезона во сите натпреварувања постигна 15 гола и имаше две асистенции на 44 натпревари за „сините“.
Жесус има 13 гола и 11 асистенции во 41 натпревар за Манчестер Сити.