Жесус ќе одлучи за својата иднина по натпреварите со Бразил

од Vladimir Zorba

Напаѓачот на Манчестер Сити, Габриел Жесус не се брза да донесе конечна одлука за својата иднина. Бразилецот е предмет на сериозен интерес од неколку клубови, меѓу кои Арсенал, Тотенхем, Јувентус и други.

Сепак, неговиот агент Марсело Петинати изјави дека играчот прво ќе чека да поминат натпреварите на репрезентациите, па дури потоа мирно ќе одлучи која понуда најмногу го привлекува.

„Во моментов ги разгледуваме сите проекти, но сега не е време ништо да се каже. Развој ќе има дури по натпреварите на репрезентациите“, рече Петинати.

Жесус во составот на Бразил беше вклучен од селекторот Тите за контролите со Јужна Кореја и Јапонија, како и за репризата на светскиот квалификациски натпревар против Аргентина.

Слични содржини