ЗХГ бара мораториум на носење нови животни во скопската Зоолошка градина

од Nikola Popovski
42 прегледи

Здружената иницијатива „Зелен хуман град“ бара затворање и трансформација на скопската Зоолошка градина во центар за рехабилитација и конзервација на диви автохтони видови, што воедно беше и дел од изборната програма на ЗХГ во 2021 година.

Оттаму велат дека концептот на зоолошки градини, каде што животните се чуваат во заробеништво, а со цел забава и едукација мора да се напушти и да се премине кон нови концепти на едукација и запознавање на животинските видови, преку кои животните нема да бидат изложени на непотребно страдање, надвор од нивните природни живеалишта, во вештачки создадени услови.

-Во последните две години, бевме сведоци угинувањето на двете жирафи во скопската Зоолошка градина – Каспер и Флопи, труење на три пржевалскиеви коњи, како и на масовното колење на 10 коњи со образложение дека биле болни. Во сите овие случаи, никој не понесе одговорност, ниту имаше правна разрешница, освен разрешувањето на директорот Кристијан Стаменов во јули 2022 година.

ЗЕЛЕН ХУМАН ГРАД ќе поднесе иницијатива за мораториум на носење нови животни во скопската Зоолошка градина до Советот на Град Скопје. Животните се свесни битија и не заслужуваат да го поминат животот во заробеништво заради забава, во несоодветни услови, спротивни на нивната природа и потреби, стои во нивното соопштение.

Слични содржини