ЗХГ бара трансформација на Зоолошката градина во центар за рехабилитација на диви автохтони животни, раководен од ветеринари и активисти

Според Димковиќ од ЗХГ, убиството на невини животни е најдобриот пример за бескруполозноста на партиите за да се докопаат до власт

од Nikola Popovski
9 прегледи Фото: Локално

Овие убиени животни стануваат политичко оружје. Дополнително во Скопската зоолошка градина, со години меѓупартиските пресметки и замената на партиите на власт, резултираат со брутално убивање на невини животни. Ги паметите закланите срни кои што претходно беа претепани до смрт? Ова се случи во 2025 година. Вака партиите си прават скандали и покажуваат колку нивниот политички е неспособен, изјави денеска Драган Димковиќ од иницијативата Зелен Хуман град. Повод за неговата прес-конференција беше почетокот на судењето на обвинетите за грозоморното убиство на коњи во Скопската зоолошка.

Димковиќ побара правда за животните, но и понуди решенија. Според него, убиството на невини животни е најдобриот пример за бескруполозноста на партиите за да се докопаат до власт.

-Денес пред Кривичниот суд ја бараме правдата за животните, но и нудиме решенија кои актуелниот затвор за животни ќе го претворат во нивно прибежиште. ЗХГ е единствената политичка група во Советот на Град Скопје која освен за заштита на луѓето и животната средина, се бори и за заштита на животните. Решението на ЗХГ за Скопската зоолошка е нејзина трансформација во центар за рехабилитација и конзервација на диви автохтони животни, раководен од ветеринари и активисти, рече Димковиќ.

Тој на денешната прес-конференција истакна и дека активистите секојдневно добиваат повици за да згрижат некое диво животно што е или повредено или ја изгубило мајката.

-За поголеми животни како што е мечката, иако е заштитена, ако се најдат мали мечиња без мајка, тие завршуваат со куршум, посочи Димковиќ.

Слични содржини