Жичарницата од утре ќе работи еден час повеќе

од Nikola Popovski
136 прегледи

Од Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ информираат дека жичарницата на Средно Водно од утре ќе работи еден час повеќе, односно од 10 до 18 часот.

Согласно со Одлуката за возен ред во месец април, од 17 до 17.30 часот е последно возење од долу кон врвот, односно во 17.45 часот е последно возење од врвот надолу.

-Секој понеделник и секој последен вторник во месецот, за жичарницата се неработни денови, потсетуваат од ЈСП.

Слични содржини