Жичницата на Водно не работи поради засилен ветер

Јавното сообраќајно претпријатие - ЈСП Скопје соопшти дека денес (11.01.26), жичницата на Водно нема да биде во функција поради засилен ветер.

од Vladimir Zorba
7 прегледи Фото: Фејсбук/ЈСП Скопје

Јавното сообраќајно претпријатие – ЈСП Скопје соопшти дека денес (11.01.26), жичницата на Водно нема да биде во функција поради засилен ветер.

„Јачината на ветерот ги надминува дозволените граници како објектот би функционирал непречено и безбедно. Надлежните служби ја следат состојбата на терен и во оној момент кога ќе се создадат соодветни временски услови за работа, жичницата ќе продолжи со непречено превезување на патниците“, соопштија од ЈСП Скопје.