Жирафата Тобого најверојатно починала од срцев удар

од Nikola Popovski
399 прегледи

Почина една од трите жирафи во скопската Зоолошка градина. Жирафата Тобого, како што велат од градината, угинала ненадејно вчера, а денеска ѝ била направена обдукција при што не биле констатирани физички повреди.

-Направена беше обдукција при што не беа констатирани физички повреди. Во наредните десетина дена, очекуваме да ги добиеме резултатите од крвната анализа, по што, точно ќе се знае од што угинало животното. Сепак, се претпоставува дека причината за смртта е срцев удар, вели Ѓорѓи Галетановски, директор на Зоолошката градина.

Тобого е роден  во Франкфурт, Германија во декември 2010, а жител на Скопје Зоо беше од 5 ноември 2013. Телото  ќе биде погребано во дворот на Зоолошката градина.

Слични содржини