227
Новиот додаток на Челзи, Оливие Жиру, изјави дека раководството на клубот по секоја цена мора да ги задржи Еден Азар и Тибо Куртоа на „Стемфорд Бриџ“, откако ќе им понуди нови договори.
„Азар и Куртоа се многу посебни фудбалери. Тие се дел од тимот од неколку години и вршат неверојатна работа за клубот, вели Жиру, цитиран од Дејли Стар.
„Тие се многу добри фудбалери. Челзи е многу важно да задржи ваков тип на фудбалери. Тие се вистински лидери“, додаде Французинот.
„Челзи мора да стори сé што е потребно за да ги задржи и двајцата играчи. Нормално е да се разбираме на теренот со Азар, бидејќи тој ја чувствува играта, тој го чувствува фудбалот“, рече Оливие.