Жиру го напушта Милан на крајот на сезоната?

од Vladimir Zorba

Иако е најдобар стрелец на Милан оваа сезона, Оливие Жиру по крајот на сезоната најверојатно ќе ги напушти редовите на повеќекратниот европски првак.

Ветеранот, кој има 37 години, им порача на клупските челници дека сака нов предизвик пред да ја заврши кариерата, иако има уште една година од договорот.

Многу клубови од Саудиска Арабија го сакаат Жиру, но Французинот сака да замине во САД и да игра две години во МЛС лигата.

Милан веќе почна да бара замена, а прв пик е Словенецот Бенјамин Шешко, членот на Лајпциг.

Слични содржини