Жиру го одбил Дортмунд поради неговата сопруга

од Vladimir Zorba
282 прегледи

Францускиот репрезентативец Оливие Жиру призна дека не преминал во Борусија Дортмунд во Јануарскиот преоден рок поради својата сопруга Џенифер, која сакала семејството да остане да живее во Лондон.

Како што е познато, „жолто-црните“ го сакаа напаѓачот како дел од договорот за Пјер Емерик Обамејанг, кој премина во Арсенал. Поради одбивањето на Жиру договорот беше пред неуспех, но Челзи го пушти својот фудбалер Мичи Батшуаи во Борусија и го зеде Французинот.

„Најлесноторешение за мене беше да преминам во Дортмунд. Арсенал беше среќен, Борусија исто. Двата клуба беа подготвени. Од финансиска гледна точка понудата на Дортмунд беше најдобра за мене, тие ме сакаа по секоја цена“, прокоментира Жиру.

„Но сега имам многу добар тим во лицето на Челзи. Никогаш не сум се двоумел во своите цели. Изборот беше јасен, бидејќи Челзи сакаше трансфер, а не само договор за наем како Дортмунд. Одлучувачка улога имаше и жена ми, која сакаше да останеме во Лондон“, додаде Жиру за Франс Фудбал.

Слични содржини