Жиру: Мислам дека е време да го напуштам Лос Анџелес, со нетрпение очекувам да се преселам во Лил

од Vladimir Zorba
14 прегледи

Францускиот фудбалер Оливие Жиру изјави дека со нетрпение очекува да се пресели во Лил и додаде дека не се вклопува добро во стилот на игра на Лос Анџелес, објави АП денес.

Жиру е член на Лос Анџелес од јули минатата година, а пред два дена објави дека ќе ја продолжи кариерата во Лил.

„Би сакал да имам поголемо влијание врз тимот, врз резултатите. На крајот, ова беше добро искуство. Очигледно, не можам да останам подолго, ми треба ново поглавје. Морам повторно да се предизвикам себеси, а кога добив можност да се вратам во Франција, ја зграпчив. Му посакувам на клубот се најдобро. Се обидов, дадов се од себе“, рече Жиру.