Жиру: Можам да постигнам најмалку 15 гола за Милан, ако играм на секој натпревар!

од Vladimir Zorba

Во интервју за француски „Телефут“, искусниот француски напаѓач Оливие Жиру ги откри деталите за трансферот во редовите на Милан, но и како изгледаа последните моменти во дресот на Челси. Тој пристигна на „Сан Сиро“ минатото лето во трансфер вреден 1.000.000 евра и парафираше двегодишен договор со италијанскиот гигант.

Жиру (34) оваа сезона веќе постигна два гола на четири натпревари во сите натпреварувања за „росонерите“, и се чини дека тој може уште повеќе да ја зголеми својата ефикасност.

„Беше логичен избор да се приклучам на Милан. Бев навивач на овој клуб кога бев помлад, и таму играа Папен, Ван Бастен и Барези. Горд сум што дојдов тука и се надевам дека ќе биде забавно. Добредојдето беше прекрасно, ме пречекаа како семејство. Имав одлично деби, се чувствувам многу добро и гладен сум за победи со Милан“, изјави Жиру за „Телефут“.

Милан сега има двајца ветерани во нападот, но и голгетери кои се секогаш подготвени да се натпреваруваат со конкуренцијата.

„Златан е легенда и ќе има вистинска конкуренција меѓу нас. Можам да постигнам најмалку 15 голови, ако го играм секој натпревар, го очекувам тоа“.

Како што минува времето оваа сезона, приказните за „скудетото“ стануваат се погласни меѓу навивачите на „росонерите“.

„Се надевам, имаме квалитетни и млади играчи. Тоа е јасна цел што ја имаме пред нас“.

А потоа за причините за напуштање на Лондон.

„Ми се допадна Премиер лигата, но во еден момент морав да донесам одлука. Му реков на Тухел дека ми беше тешко во последните три месеци. Тоа беше логичен избор да го напуштам Челси. Заминав со големи емоции, поврзани со сите моменти што ги имавме. Некои беа добри, некои не толку, но освоивме три важни трофеи“, рече тој.

Слични содржини