Жиру: Нашата судбина е во наши раце, инспирирани сме по поразот на Интер

од Vladimir Zorba

Напаѓачот на Милан, Оливие Жиру се надева дека „росонерите“ ќе ја искористат шансата да се борат за Скудетото оваа сезона.

Седумкратниот европски клупски шампион остана на првото место во табелата во Серија „А“, откако неговиот градски ривал и директен ривал за титулата Интер загуби со 1-2 од Болоња на гостински терен.

Така и двете екипи веќе имаат еднаков број одиграни натпревари, а до крајот на првенството остануваат уште 4 кола. Милан има 74 бода, а бранителот на минатогодишната титула – Интер има 72 бода.

„Мислам дека имаме се што ни е потребно за да победиме, фокусирани сме на неделниот натпревар против Фиорентина“, изјави 35-годишниот француски напаѓач, кој на вкупно 34 натпревари има 12 гола и 4 асистенции“, изјави за Sport Mediaset.

„Најважно е што Интер загуби од Болоња, па ја чуваме судбината во наши раце. Треба целосно да се фокусираме на нашиот фудбал“, додаде тој.

Слични содржини