327
Тетовецот Ф.Ш. на возраст од 24 години вчера со пиштол се заканувал на медицинска сестра во болницата во Тетово.
Момчето од Боговиње и неговиот татко А.Ш. се приведени, бидејќи синот со пиштол се заканувал на медицинска сестра. Настанот се случил на Гинеколошкото оддление каде сестрата извршила наплата на болнички услуги кои претходно ги користела неговата сопруга.
Од Ф.Ш. е одземен гасен пиштол „Екол алп“, калибар 9 милиметри со празна рамка. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Минатата година имаше повеќе напади на лекари и медицински персонал.