Жител на Дебреше носел огнено оружје движејќи се низ својата нива

од Берта Китинска
462 прегледи

По спроведена истражна постапка, Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе Обвинителен акт против едно лице за кривично дело – Недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи согласно член 396 став 1 од Кривичниот законик.

Обвинетиот 53-годишен жител на селото Дебреше, на 8 април годинава, се движел во својата нива во атарот на селото, носејќи огнено оружје во пределот на појасот – пиштол и 12 куршуми со калибар 9мм Para, за кои немал соодветна дозвола за поседување. Оружјето и муницијата ги пронашле полициски службеници, при личен преглед на обвинетиот.​

Слични содржини