Жител на Велес пронајден мртов во сопствениот двор

од Nikola Popovski
26 прегледи

Велешанец бил пронајден починат во дворот од својата куќа, информира портпаролката на СВР Велес.

Во Велешката полиција вчера во 13. 25 часот од Итна медицинска помош Велес било пријавено дека во дворот од семејната куќа бил пронајден починат  63 годишниот Г.К. од Велес со траги од крв во пределот на главата.

Таа појасни дека лекар констатирал смрт, увид на местото извршил јавен обвинител во содејство со увидна екипа од СВР Велес.

По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.

Слични содржини