Жител на виничко силувал малолетно девојче

од Берта Китинска
154 прегледи

На 11.10.2022, полициски службеници од ОВР Виница го лишиле од слобода В.С.(26) од с. Градец, Виничко, поради постоење основи на сомнение дека извршил обљуба над малолетничка.

Поднесена е кривична пријава против В.С. до ОЈО Кочани, а од страна на судија на претходна постапка одредена му е мерка притвор во траење од 30 дена и тој е спроведен до Казнено-поправната установа – затвор Куманово.