Жител од Лисец го нападнала мечка, реакцијата на кучињата го спасила од смрт

од Берта Китинска
477 прегледи

Жител на шарпланинското село Лисец во тетовската полиција пријавил дека бил нападнат од мечка, а се спасил од смрт со тоа што, според него, реагирале неколкуте кучиња со кои чувал овци на бачило. Невобичаениот настан се случил вчера во текот утрото, а кај 52-годишникот нема поголеми повреди.

–Вчера 13:20 часот во полициската станица Тетово Г.Ј (52 ) од Лисец пријавил дека околу 10 часот на бачило во месноста Рах каде напасувал свое стадо овци бил нападнат и повреден од мечка. Според неговите кажувања тој бил застанат на височина и кога забележал дека има мечка која се упатила кон него почнал да бега кон нагорнината. Мечката го стигнал и го оборила, со што го повредила но при тоа реагирале неколкуте кучиња и мечката избегала. Во болница му констатирале полесни повреди по што бил пуштен на домашно лекување. Потоа дошол и во полициска станица да го пријави случајот, информираше денеска портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.
Летово ова е не прв случај граѓани да алармираат за присуство на мечка. На 21 август жители на Тетово успеале да фотографираат мечка во планинскиот предел во правец кон месноста Бањиче и долж патот Бродец-Шипковица.
Фотографиите се споделуваа на социјалните мрежи со предупредување за внимателност сметајќи дека ова диво животно во чести случаи знае и да нападне луѓе.

Мечките во Македонија со законот за ловство од 1996 се трајно заштитен дивеч кој не смее да се лови.

Слични содржини