Жителите на Лондон плаќаат данок за постар автомобил

од desk2
100 прегледи

Многуте дискусии не сменија ништо – од вчера за возење со постар автомобил низ централното градско подрачје во Лондон се плаќа по 21,50 фунти дневно, односно по 800 денари. Со оваа давачка се опфатени сите пред-Еуро 4 возила, бензински и дизел, што значи скоро сé произведено пред 2005 година.

Таксата ќе се плаќа секој работен ден од 7 наутро до 18 часот навечер, а се очекува да погоди околу 10.000 автомобили дневно. И не само нив – автобусите ќе мора да платат дури по 100 фунти. Како и неговиот претходник, лондонскиот градоначалник Садик Кан беше неумолив околу оваа давачка, за која изјави: „Воздухот во Лондон е смртоносен и јас нема да стојам мирно не правејќи ништо. Овие мерки се потребни за да ги заштитиме лондонците од кризата со квалитетот на воздухот“.

И навистина, тој нема да застане тука – за април 2019 најави уште построги мерки кои предвидуваат плаќањето на таксата да се прошири на 24 часа дневно, за почеток само за возење низ центарот на градот, а подоцна и на целата негова територија.