Невиден фијаско доживеа повикот на најбројната германаска покраина за донации од граѓаните.

Повикот на властите на германската сојузна држава Северна Рајна Вестфалија со најголем број жители , доживеа целосен неуспех. На прашање во државниот парламент во Диселдорф , портпаролот на сојузниот министер за финансии рече дека во 2015 , кога бил упатен повикот за помош за излез од големите долгови , биле уплатени само 2 цента.
Во 2016 сумата се зголемила на 3 500 евра , а во 2017 изнесувала 2 000 евра. Во 2018 немало ниту цент донација , а нема ниту до денеска во тековната година.
Потенцијалните донатори , според портпаролот , донација може да извршат на која било државна сметка , само со назнака дека станува збор за донација. Тој се надева на поголем ентузијазам кај своите сограѓани.
Инаку во Северна Рајна Вестфалија живеат над 18 милиони жители.