Жителите на Ново маало: Ќе поднесеме колективна тужба доколку се суспендира градбата кај „Холидеј Ин“

од Берта Китинска
400 прегледи

„Ние нема да дозволиме да се одложи градбата, ние го поддржуваме објектот Гранд затоа што сите ќе бидеме обештетени. Веќе 50-60 години бевме жртви на институции кои се поигруваа со нас  кои не ни дозволија шајка да ставиме. Едноставно  кажано ние сме ѓубриштето на Градскиот трговски центар. Сега кога дојде моментот да се гради, нас правото сакаат да ни го одземат таканаречени активисти кои се против нашата градба за да си го решиме ние животното прашање“, вели Игор Стојанов  жител од Ново Маало за Утрински Брифинг.

Тој испрати порака до активистите објаснувајќи дека правото на сопственост  е уставно загарантирано и дека никој нема право да располага со него.

„Сакам да им кажам дека ова не е простор од јавен интерес кај што се наоѓаме сега ние овде има жители кои треба да добијат пристојни домови нашата борба е за целосна поддршка на проектот“, вели Стојанов.

Во однос на петицијата жителите од оваа населба очекуваат дека ќе биде прифатена и дека наскоро ќе започне градбата.

“Не дај боже да се суспендира планот, тогаш ќе поднесеме колективна тужба“, вели тој.

Стојанов нагласи дека ќе има протести доколку не се дозволи просторот кај паркингот кај Холидеј ин да започне да се гради.

Слични содржини