268
Системското игнорирање на општина Шуто Оризари од страна на Советот и раководството на Град Скопје не поминува незабележано од граѓаните. Токму затоа граѓаните на Шуто Оризари поддржани од ромската заедница од сите скопски општини утре, на денот на Општина Шуто Оризари, во 19 часот заеднички пред град Скопје ќе го постават прашањето: „Шуто Оризари – заборавена општина – ДО КОГА”?, се вели во најавата за протестот.
Собирањето ќе започне во 18 часот во паркот во населбата по што ќе се тргне кон седиштето на Градот.