Жителите на Венеција во шок: Позелени водата околу мостот Риалто (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska
343 прегледи

Дел од водата која протече низ каналот околу мостот Риалто во Венеција во неделата позелени, пишува Би-Би-Си.

Локалните власти зедоа примероци од водата, која изгледа како флуоресцентно зелена, и побараа итно да се анализира.

Се шпекулира дека водата ја променила бојата затоа што ја обоиле екоактивистите.

Италијанските медиуми јавуваат дека полицијата ги прегледува снимките од безбедносните камери за да утврди дали зелената вода е поврзана со регатата Волгалонга, која треба да се одржи во текот на претстојниот викенд.

Корисниците на социјалните мрежи истакнаа дека аргентинскиот уметник Николас Гарсија Урибуру во 1968 година го обоил венецијанскиот Голем канал во зелено за да укаже на еколошките проблеми.

Слични содржини