239
Министерството за здравство информира дека деветтемина жители на Кочани кои синоќа побарале лекарска помош поради вдишување на чад, како последица од пожарот, се во добра здравствена состојба и сите се пуштени дома.
„Пациентите синоќа беа задржани во болница неколку часа и примаа кислородна терапија. Во пожарот нема поврдени со изгореници“ велат од министерството.
Доцна синоќа беше локализиран пожарот над градот Кочани. Нема повредени со изгореници, а предизвикана е само материјална штета. Според информациите, изгореле покриви на две куќи.