Жителите во паника, наезда на мистериозни бубачки во скопско Дивље (ФОТО)

од Aleksandar Petrovski
463 прегледи

Жителите на скопско Дивље деновиве стравуваат бидејќи во нивното село има наезда на инсекти од непозната природа, објави ТВ24.

Жителите не знаат дали овие инсекти носат опасност по нивното здравје.

Паниката помеѓу жителите на Дивље ја смируваат биолозите кои тврдат дека станува збор за бескрилни инсекти кои може да бидат водни или сувоземни, а кои се распостранети насекаде низ Европа и низ светот, безопасни за човекот и животната средина.