162
„Ви посакувам безброј мигови на среќа, на спокој и на љубов за вас и вашите семејства. Благодат за секој еден од нас која произлегува од радоста на Христовото Воскресение кое пак, еве веќе два милениума претставува најмаркантниот настан во историјата на човештвото, но и сведок за неизбежноста на победата на доброто врз злото“, се вели меѓудругото во велигденската честитка од претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
„Живееме во време полно со предизвици, поделби, гнев, со омраза едни кон други, но и во време на големи неправди“.