Живи фатени 4-ца од атентаторите во Џакарта

од desk3
91 прегледи

Четворица за кои има сериозни сомневања дека учествувале во крвавите напади од утринава во главниот град на Индонезија-Џакарта, се фатени живи, соопштува Ројтерс. Тие се одговорни како за експлозијата во најголемиот трговски центар во градот – “Саринах”, така и за останатите бомби во трговски и дипломатски објекти во градот. Индонезиската телевизија “Компас” пушти на Tвитер слика, на која се гледа опремата и муницијата, користени од терористите.

20160114.eannvgahec

Властите официјално информираа дека ставија крај на драмата со нападите од утринава, откако имаат и приведени, од кои се надеваат да добијат детали точно кој стои зад крвавиот чин.